Арсовска: Водо-снабдувањето е доведено во прашање поради цената на електричната енергија

t

На денешната пресконференција, градоначалничката на Град Скопје и претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, истакна дека пристигнало предупредување од здужението на даватели на кумунални услуги, АДКОМ, оти е доведено во прашање водо-снабдувањето во општините, односно, дека постои опасност за прекин во континуитетот на водните услуги.

Ова, како што вели Арсовска, е резултат на цената на електричната енергија и е дополнителен аларм дека е потребно од владата да се превземат итни мерки, за да не се дозволи прекин на јавните услуги кон граѓаните.

Градоначалничката исто така посочи и дека се обратиле до Владата, каде побарале итен состанок како преставници на ЗЕЛС, со цел да се изнајдат заеднички решенија, кои квалитетно и брзо може да се превземат за да се ублажи кризата предизвикана од растот на цените на енергенсите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…