Арсовска на увид на изградбата на булеварот “Борис Трајковски”: Се решаваат проблемите со експропријација

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во работата за изградбана булеварот “Борис Трајковски”.

– Денес извршивме увид на изградба на булевар „Борис Трајковски“ на потег од крстосницата кај населба Пинтија до мост на Маркова река со должина од 2325 метри и изградба на нов кружен тек пред мостот со дијаметар од 20 метри.

На потегот се изведува нова атмосферска канализација со вкупна должина од 2270 метри, пешачки патеки од двете страни на булеварот, изградба на велосипедска патека и ново осветлување по долж на целата траса.

Работиме активно на решавање на сите предизвици кои произлегуваат од непланскиот почеток на работата на овој булевар. До сега оваа администрација на градот Скопје реши предмети за експропријација во вкупна површина од 37.047 м2, а во тек е експропријацијата на останатите 10.988м2. – информира градоначалничката Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Булеварот пред Собранието на РМ затворен за…

Булеварот „11 Октомври“ е затворен за сообраќај.…

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…