Арсовски: Владата признава винa и нечecни намери

t

Додека сеуште Заев и пиунот Ковачевски молчат за овој скандал, криејќи се зад криминалните пориви на одредени кадри и институции, СДСМ и Владата признаа вина и нечесни намери за продажба на АД Славија за 218.535€, иако вредноста нејзина е над 20.000.000€.

Обелоденовајќи го овој огромен скандал, ниту еднаш не бевме колебливи како партија да успееме во намерите да ја спречиме продажбата на оваа државна фирма за без пари, каде што блиски луѓе до власта дебело ќе профитираат во милионски суми.

Благодарност до јавноста која застана рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и бурно ја следеше ситуацијата, попречувајќи им на намерите на криминалците од власта. Честитки и за вработените кои го кренаа гласот иако се угнетувани од власта.

Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ спаси и спречи 20.000.000€ на граѓаните да завршат во џебот на СДСМ.

Е сега, одлучен сум во намерите да се занимавам и да биде под лупа малку повеќе со инволвираните во овој случај, првично со работата на директорот на Агенцијата за одземен имот. Фатон Асани после вакво признание мора по секоја цена да си даде оставка од позицијата директор. Не му е ниту прва, ниту последна скандалозна зделка доколку остане на позицијата.

Мора да си даде оставка!

Оставка веднаш!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканските пристаништа се важен актер во меѓународниот…

Солунското пристаниште е едно од десетината слични…

Канада ќе ги гони криминалите сторени на…

Канада ќе ги гони криминалите сторени на…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…

Мицкоски обвини: Постои коалиција меѓу криминалот и…

Обвинувањата кон МВР се темелат на катастрофата…

Бочварски ќе дава повеќе дозволи за транспорт:…

Делегација предводена од министерот за транспорт и…