Спасовски: Решени сме да расчистиме со криминални структури создавани 30 години
Се разговара со многу лица, се обезбедуваат докази, се работи интезивно во откривањето на напаѓачот во Ист гејт но се уште е рано да се споделуваат информации. Тоа е пресметка на криминални банди кои биле создавани 30-тина години за кои се зборува многу, а никој не преземал одговорност да расчисти со нив, информираше во интервју за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пукањето во трговскиот центар во кој се застрелани две лица.
-Тоа се криминални структури коишто биле создавани 30-тина можеби и повеќе години, за коишто сите гласно зборуваат меѓутоа никој не преземал одговорност за да расчистува со нив и ова раководство тоа го направи и е решено да се расчисти до крај.
Да треба многу средства, многу напори, многу енергија, тоа да се случи, меѓутоа мора да се завршат работите коишто ќе допринесат таквите криминални структури да бидат зад решетки, да бидат изведени пред лицет на правдата. Недозволиво во изминатите триесет години да имате структури коишто ги поддржуваат одредени бизнисмени, групи итн. притоа барајќи оправдание зошто практично ги поддржуваат дури и финансиски, истакна Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…