Ахмети: За грешките на Мицкоски сметката не треба да ја плаќа цело ВМРО

t

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека за грешните на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сметката не треба да ја плаќа цела партија.

„Ние со ВМРО сме владееле заедно 11 години и сме направиле добри работи, за грешките на Христијан сметката не треба да ја плаќа ВМРО. Јас не можам да кажам дека нема да влеземе во соработка со ВМРО бидејќи 11 години сме комуницирале, сме владееле заедно и секако дека сме имале согласувања несогласувања но никогаш тоа не сме го објавиле и нема да ги објавиме затоа што ако немаше разлики, да немаше дебата ќе бевме една политичка партија или ВМРО ќе се претвореше во ДУИ или ДУИ во ВМРО“, вели Ахмети.

Тој вели дека иако Христијан има одговорност затоа што е на чело, но не верува дека сите во партијата се согласуваат со изјавите што ги дава во однос на ДУИ.

На прашање дали ВМРО без Мицкоски може да го имаат во предвид за коалиција евентуално после парламентарните избори, Ахмети вели дека не е оф тие фолклорни политичари.

„Христијан Мицкоски е лидер на ВМРО. Не можам да го исклучам и да му избирам на ВМРО лидер и да велам дека преговарам со ВМРО а не со Мицковски. Ова би било политичка наивност“, додава Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

Петровска за ВМРО-ДПМНЕ: Се обидуваат да ме…

ДПМНЕ да се опаметат, водат држава, а…

СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците…

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки…