Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме сите уплати за концесијата
Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, се огласи во јавноста по повод информациите дека друштвото „Еверест ЏД“ не плаќало концесиски надоместок за експлоатација на минерална суровина на локалитетот „Буковиќ“ во Општина Зајас.
Тој притоа го демантира Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, за, како, што се наведува во соопштението, изнесените невистини на две прес-конференции за друштвото „Еверест ЏД“.
„Во врска со прес-конференциите на 25.07.2024 и 26.07.2024 година оддржани од страна на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешно пласирани информации во јавноста.
Друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје има склучено Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Буковиќ“, општина Зајас, заведен под архивски број на Министерството за економија 24-3114/16 од 07.07.2006 година.
Во однос на изнесените невистини од страна на г-дин Лефков, би сакале да ги демантираме информациите кои беа пласирани на двете прес-конференции во врска со неплаќањето на концесискиот надоместок. Во прилог на овој Демант, ги споделуваме сите уплати кои друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје ги има направено за периодот од 2016 до 2024 година, по основ на концесиски надомест за простор и експлоатација.
Ваквите лажни твдења прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмеди. Исто така, апелираме до надлежните институции, вклучително Министерството за внатрешни работи, да ги проверат исказите во нивната истрага“, се вели во демантот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…