Ахмети им се обрати на ЕУ, НАТО и САД за полагањето на правосудниот испит на албански јазик
Законот за употреба на јазиците, усвоен во 2018 година и кој стапи во сила во 2019 година, претставува значаен акт и достигнување во остварувањето на јазичните права на Албанците, во согласност со Амандманот V на Уставот и Охридскиот мировен договор, од кој произлегува и со кој е поврзано ова право. Охридскиот мировен договор истовремено претставува пресвртница и темел на правната и институционалната вклученост на Албанците во државата. Усвојувањето на овој закон во никој случај не беше лесен процес. Тој беше постигнат преку долгогодишна политичка заложба, која се соочи со постојан отпор од одредени македонски политички кругови“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во писмото до министерот за правда, Јетон Шасивари.
Ахмети наведува дека во текот на повеќе од две години од владеењето на оваа Влада, се забележува загрижувачки тренд на стеснување на колективните права на Албанците, особено на јазичните права.
-Слабеењето на правната и институционалната положба на Инспекторатот за употреба на јазиците, преку одземањето на статусот на правно лице, како и маргинализацијата на Агенцијата за примена на јазиците, се показатели и докази за овој ограничувачки пристап во рамките на системот.
Во овој контекст, прашањето за полагањето на правосудниот испит и другите државни стручни испити на албански јазик стана сериозен тест за почитувањето на законот и еднаквоста на граѓаните.
Господине министре, тука не постои никаква правна нејаснотија што би можела да послужи како оправдување за негирање на ова право.
Затоа, сакам уште еднаш јасно да нагласам: правосудниот испит неопходно треба да се полага и на албански јазик. Секое друго решение со кое би се ограничила или условувала употребата на албанскиот јазик при полагањето на овој испит е во спротивност со Законот за употреба на јазиците. Нема простор за неправни или политички толкувања, институционални импровизации или делумни решенија таму каде што законот јасно ги утврдил правото и обврската за негово спроведување.
Сакам да нагласам и уште еден суштински аспект: правосудниот испит е стручен испит за оценување на правните знаења, а не тест за познавање на македонскиот јазик. Албанските студенти кои ги завршиле своите правни студии на албански јазик на акредитирани универзитети во Република Северна Македонија не смеат да бидат ставени во нерамноправна положба во моментот кога го остваруваат своето право на пристап до стручниот испит. Познавањето на македонскиот јазик може да се проверува преку посебни механизми за јазична сертификација, но не може да се користи како пречка за остварување на право загарантирано со закон, истакнува Ахмети.
Меѓу другото, лидерот на ДУИ бара Владата да обезбеди целосна и доследна примена на Законот за употреба на јазиците во сите органи и институции кои вршат јавни овластувања.
-Поради сите овие загрижености, кои се однесуваат не само на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, туку и на повредата на нашите колективни права што произлегуваат од Охридскиот мировен договор, отворено им се обраќаме и на меѓународните гаранти на овој договор: Соединетите Американски Држави, Европската Унија и НАТО, како и на властите во Тирана и Приштина, се вели во писмото на Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…
Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…