Ахмети дециден: Сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, смета дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен од моделот со една изборна единица. Според Ахмети, за промена на Изборниот законик и изборните единици потребни се поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата, а прашањето треба да се постави на расправа во Собранието.

Ова го истакнал првиот човек на ДУИ на средбата што денеска ја остварил со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

Како што информираа од албанската владејчака партија, двајцата разговарале и за спорот со Бугарија, како и ветингот на политичарите, судиите и обвинителите.

Ахмети и Гарсија заклучиле дека изборите не се решение во моментовт бидејќи земјата оди напред и дека интеграцискиот процес не треба да биде блокиран и решавањето на сите спорови со соседните земји е позитивно за Република Македонија во приклучувањето кон големото европско семејството.

За време на разговорот, Ахмети го запознал шпанскиот амбасадор Гарсија за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Бугарија, посетите на Скопје и Софија, воспоставувањето дијалог и акцискиот план на работните групи и добрата политичка волја за решавање на отворените и прифатени прашања од двете страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…