Балканот трие раце: 7.000 слободни места за медицински сестри во Швајцарија

t

Иако професијата останува популарна во Швајцарија, во земјата има речиси 7.000 слободни работни места за медицински сестри. Во Швајцарија, речиси 300 медицински сестри секој месец ги напуштаат своите работни места, главно поради лошите услови за работа, што претставува голем предизвик за швајцарските болници, пренесува swiss.info.

Медицинските сестри, меѓу другото, ги наведуваат стресот, ниските плати и неможноста да го балансираат приватниот и професионалниот живот како причини за напуштање на работата. Истражувањата покажуваат дека 36 отсто од младите медицински сестри на возраст меѓу 20 и 24 години ја напуштаат професијата во текот на првите неколку години на работа.

„Не можам да замислам да бидам на оваа работа за пет години ако продолжиме со ова темпо. Често размислувам за промена на работа.

Сите мои колеги размислуваат за промена на работното место, а заминувањата се редовни“, вели една медицинска сестра која сакаше да остане анонимна.

Иако оваа професија е сè уште популарна во Швајцарија, во таа земја има речиси 7.000 слободни работни места за медицински сестри, пишува порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија замрзна руски имот вреден 5,8 милијарди…

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од…

Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на…

Долниот дом на швајцарскиот парламент денеска го…

Над 130.000 потписи за швајцарската неутралност –…

133.000 потписи има народната иницијатива „Заштита на…

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

15- годишник од Швајцарија избодел Евреин со…

15-годишен тинејџер е уапсен под сомнение дека…