Објавено на:

Бајден им го честиташе Божиќ на православните христијани

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден им го честиташе Божиќ на сите христијани кои го слават празникот според јулијанскиот календар, велејќи дека се приклучува на молитвите за мир.

„(Првата дама) Џил и јас им посакуваме благословен Божиќ на православните христијани во САД и ширум светот. За време на овој празничен период, се сеќаваме на чудото на раѓањето на Исус Христос и на преобразувачката љубов што Тој ја донесе во нашиот свет“, навел Бајден во писмената изјава објавена од прес-службата на Белата куќа.

Бајден посочил дека секое човечко суштество е создадено според Божјиот лик и заслужува да биде третирано со достоинство.

„Оваа година, ние ги држиме блиску до нашите срца многуте православни христијански заедници во регионите на нашата Земја разурнати од војна“, порачал Бајден.

Претседателот на САД изразил жалење за секој изгубен невин живот и најавил продолжување на борбата „против прогонот и дискриминацијата на која било група поради тоа кои се, во што веруваат или како ја практикуваат својата вера“, се додава во честитката.

„Ние сме благодарни за непроценливиот придонес што православната христијанска заедница го дава за нашата земја и народите ширум светот и заедно се молиме за мир во наредната година“, укажал американскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец на докторски студии по физика во…

Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски…

Директорката на американската тајна служба: Неуспехот при…

Неуспехот да го обезбеди поранешниот американски претседател…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…

Александар Касанов го наследи Габриел Ескобар на…

Александар Касанов е избран за заменик помошник…