Бајден им го честиташе Божиќ на православните христијани
Американскиот претседател Џозеф Бајден им го честиташе Божиќ на сите христијани кои го слават празникот според јулијанскиот календар, велејќи дека се приклучува на молитвите за мир.
„(Првата дама) Џил и јас им посакуваме благословен Божиќ на православните христијани во САД и ширум светот. За време на овој празничен период, се сеќаваме на чудото на раѓањето на Исус Христос и на преобразувачката љубов што Тој ја донесе во нашиот свет“, навел Бајден во писмената изјава објавена од прес-службата на Белата куќа.
Бајден посочил дека секое човечко суштество е создадено според Божјиот лик и заслужува да биде третирано со достоинство.
„Оваа година, ние ги држиме блиску до нашите срца многуте православни христијански заедници во регионите на нашата Земја разурнати од војна“, порачал Бајден.
Претседателот на САД изразил жалење за секој изгубен невин живот и најавил продолжување на борбата „против прогонот и дискриминацијата на која било група поради тоа кои се, во што веруваат или како ја практикуваат својата вера“, се додава во честитката.
„Ние сме благодарни за непроценливиот придонес што православната христијанска заедница го дава за нашата земја и народите ширум светот и заедно се молиме за мир во наредната година“, укажал американскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…
НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ ВО САД: Пожар и пријавено…
Пожар избувнал во Националната лабораторија „Савана Ривер“…
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
САД потрошиле над 47 милијарди долари за…
Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…