Објавено на:

Бекер: Новак мора да попyшти и да се вакцинира

t

Осумкратниот гренд слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер го повика Србинот да попушти и да се вакцинира за КОВИД-19 за да може без проблем да ја продолжи тениската кариера и да постави нов рекорд.

Бекер му беше тренер на Ѓоковиќ три години, и останува близок со светскиот број 1 и во колумната за „Дејли мејл“ ги сподели своите мислења за фијаското со влезот во Австралија.


„Овојпат мислам дека прави голема грешка што не се вакцинира. Тоа му се заканува во остатокот од кариерата и може да го чини шанса да се зацементира како најдобар тенисер во историјата. Четири пати седев во неговиот бокс на Австралија опен и свесен сум за неговата голема сила и духот за натпреварување и го знам неговиот голем карактер, кој честопати погрешно го сфаќаат. Меѓутоа, оваа сила понекогаш е слабост. Истата неверојатна посветеност со која победува во толку тесни мечеви, може да биде ранливост поради твдоглавоста. Знам дека има силна волја, многу цврсти уверувања, но ако не се вакцинира за 10 години ќе погледне наназад и ќе сфати дека направил грешка. Не е само за Австралија. Тоа се правилата и без разлика дали му се допаѓаат мора да ги прифати. На 34 години нема многу време да ги брка своите цели. Како некој кој ми е многу мил, знам дека страда. Ќе биде шокиран од однесувањето, со јадење под врата. Уште поболно, тоа е во Австралија, каде што најмногу сака да игра, на тој стадион“, пишува Бекер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Трaгедија ја потрeсе Србија: Автомобил со…

Тешка сообраќајна несреќа се случила околу четири…

Стотици илјади риби изумрeле од студот во…

Стотици илјади одгледувани риби угинаа од термички…

Романија нема намера да се меша во…

Романија нема да се меша во случај…

Пак ја заобиколи Македонија: Гугл вложува милијарда…

Ова вложување на компанијата ќе и донесе…

Ќе дојдеме до колективен имунитeт, но тој…

Вирусниот имунолог Лука Чичин-Шаин на телевизијата Н1…