Судир меѓу полиција и демонстранти на протест во Тирана, уапсени се повеќе луѓе

t

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир меѓу полицијата и демонстрантите, со фрлање предмети и јајца врз возилата на пратениците и полицијата, како и со уапсени неколку луѓе, го карактеризираше почетокот на новата собраниска сесија, по годишните одмори, јавија албанските медиуми.

Демонстрантите попречуваа движење на возила, поради што во интервенцијата беа вклучени и припадници на специјалната полициска единица „Шќипоња“.

Според медиумите уапсени се повеќе учесници на протестот, меѓу кои и Адриатик Лапај, лидер на опозициската партија „Албанија станува“.

Демонстрантите, кои од синоќешниот 100. протест го најавија денешниот, пред законодавниот дом, извикуваа „вие не го претставувате народот“, „Рама во затвор“, „Бериша во затвор“, „пратениците се неписмени“…

Дополнително на тоа опозициските пратеници, ја напуштија собраниската сала, па само со гласовите на владејачкото мнозинство беа изгласани неколкуте точки од дневниот ред.

Меѓу другото со 79 гласови „за“ Евис Куши беше избрана за потпретседателка на албанскиот Парламент, на местото на Клодијана Спахиу, која со исто толку гласови стана нова министерка за здравство и социјална политика, откако деновиве оставка поднесе досегашната министерка Евис Саља.

На почетокот на пленарната седница која се одржа доцна попладнево, претседателот на парламентот, Нико Пелеши ја нагласи одговорноста на Собранието да продолжи да работи во интерес на граѓаните и земјата, подвлекувајќи ја потребата од поголема отчетност, одговорност и конкретни резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…

Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…

Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…

Тирана реагира зошто не се интонирала и…

Министерството за Европа и надворешни работи на…

Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…

Ел Нињо се буди во Пацификот и…