Бектеши: Испораката на природен гас не е прекината, имаме алтернативи

t

Испораката на природен гас не е прекината, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по информациите дека руски „Газпром“ ја прекинала испораката на гас кон Бугарија и Полска.

На прес-конференција, Бектеши рече дека сите обврски од наша страна се подмирени и дека и денес има увоз на природен гас во земјава.

– Сепак, ситуацијата е комплексна и не се знае каква одлука може да биде донесена во наредните денови. Државата има соодветни алтернативи, уверува Бектеши.

Според него, Бугарија не смее да направи прекин на гас и преносната мрежа мора да функционира.

Најави дека следната недела во Софија ќе се одржи состанок на сите министри од регионот за да се презентираат потребите на државата и да има континуирано снабдување со енергенси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалскиот МНР го охрабрил Османи да го…

На маргините на 78-то заседание на Генералното…

За еден ден се изгаснати 33 пожари,…

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани…

Нова воена помош од 480 МИЛИОНИ ДОЛАРИ…

Канада ќе обезбеди дополнителна воена помош од…

Има врска со Косово?! Оклопни возила на…

Голема колона оклопни борбени возила на Војската…

Курсна листа: Колку чинат доларот, еврото, рубљата…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…