Бектеши: Испораката на природен гас не е прекината, имаме алтернативи

t

Испораката на природен гас не е прекината, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по информациите дека руски „Газпром“ ја прекинала испораката на гас кон Бугарија и Полска.

На прес-конференција, Бектеши рече дека сите обврски од наша страна се подмирени и дека и денес има увоз на природен гас во земјава.

– Сепак, ситуацијата е комплексна и не се знае каква одлука може да биде донесена во наредните денови. Државата има соодветни алтернативи, уверува Бектеши.

Според него, Бугарија не смее да направи прекин на гас и преносната мрежа мора да функционира.

Најави дека следната недела во Софија ќе се одржи состанок на сите министри од регионот за да се презентираат потребите на државата и да има континуирано снабдување со енергенси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица со приватна кривична тужба против „Канал…

Левица информира до Основниот кривичен суд –…

Лукашенко: Дојде моментот Украина и Западот да…

Дојде моментот Украинците и западните земји да…

Дуда ги повика земјите од НАТО да…

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика другите…

Во февруари зголемен бројот на туристи во…

Бројот на туристи во февруари е зголемен…