Објавено на:

Белата Куќа испраќа дополнителна вoeна помош во Украина

t

Белата куќа подготви нов пакет воена помош за Украина, објави NBC News, повикувајќи се на неименувани извори.
Како што се прецизира, станува збор за дополнителен пакет помош за веќе постоечката транша, чија испорака во Киев е во тек.
Американската телевизија наведува и дека веќе се слушнале изјави од Киев, кои се надеваат дека оваа транша помош ќе ја одобри американската администрација во блиска иднина.
Во исто време, „Ен-Би-Си“ тврди дека Вашингтон ја разгледува можноста за отворање на прашањето за намалување на американското воено присуство во Источна Европа во преговорите со Русија, како и за вкупниот број воени маневри што во моментов ги спроведуваат двете земји.
„Разговорите би можеле да се однесуваат на бројот на воени вежби спроведени од двете земји, бројот на американски војници распоредени во балтичките земји и Полска, но и предупредувања за трансфер на руски сили и ракети Искандер на руска територија во Калининград“, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…