Објавено на:

Берзанската цена на гасот е стабилна на околу 1.200 долари за илјада кубни метри

t

Цената на гасот на денешното отворање на тргувањето на лондонската берза ИЦЕ се одржува на околу 1.200 долари за илјада кубни метри, а на тоа ниво беше и на вчерашното затворање.

Берзанската цена на гасот во Европа на 21 декември за првпат во историјата надмина 2.000 долари за 1.000 кубни метри, во бранот на претстојното студено време и генерално ниските резерви на гас во европските подземни складишта. Сепак, во следните денови цената се коригира, а аналитичарите тоа го објаснуваат со веста дека за една третина се зголемил бројот на танкери кои превезуваат течен природен гас ЛНГ од САД во Европа.


Некои ја споменуваат и зголемената работа на европските ветерни електрани.

Цената на јануарските фјучерси на ТТФ во Холандија е 1.203 долари за 1.000 кубни метри, или 103 евра за мегават-час, врз основа на тековниот курс евро/долар.

Пазарните експерти велат дека цената на фјучерсите е нестабилна поради шпекулативни фактори и не ја одразува реалната цена на физичките резерви во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен зeмјотрес со јачина од 7,1 степен…

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според…

(Видео) Во Украина пристигна вoeна помош од…

Првата пратка од американскиот пакет безбедносна поддршка…

(Фото) Ѓоковиќ се релаксира во Црна Гора,…

Новак Ѓоковиќ се релаксира во Црна Гора…

„Ќе си пykaaт во нога“: Зakaната на…

Доколку се остварат заканите на американскиот претседател…

Украина вoopyжена „до заби“: Се трупаат американски…

Три членки на НАТО - Естонија, Литванија…