Бигорски со апел до верниците да не користат телефони за време на богослужбата – Ова е причината

t

Во пресрет на Христовото Воскресение, најголемата радост која му се случува на човечкиот род, свештената Бигорска обител испраќа апел до сите верници кои вечерва ќе земат удел во Пасхалната богослужба, да се воздржат од користење на мобилни телефони за време на службата.

– Сликањето со мобилни телефони го уништува молитвениот амбиент и ја одзема духовната димензија на богослужбата, претворајќи ја во евтина атракција, подобна на световните настани и манифестации. Затоа во тој контекст, би ви биле благодарни доколку и самите ја согледате штетноста на оваа, во последно време доста актуелна навика и во иднина ја отфрлите, стои во апелот.
На тој начин, се додава и вие ќе имате поголема полза од богослужбата, а и на верните околу вас ќе им овозможите со поголем мир молитвено да учествуваат во неа.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограбен манастир во Катланово: Украдени се икони

МВР информира дека дошло до грабеж на…

Бигорски со апел до верниците да не…

Во пресрет на Христовото Воскресение, најголемата радост…

Звучи познато за Македонците? Рускиот Патријарх ги…

Патријархот московски и на цела Русија Кирил…

Србите гневни: Кој се труди да го…

Таблата за локацијата на манастирот Високи Дечани…

(Видео) Православниот свет на нозе: Турција претвори…

Православниот манастир Панагија Сумела, изграден кон крајот…