Дрога и телефони пронајдени при претрес во КПУ Затвор Скопје
Министерството за внтарешни работи соопшти дека при денешната акциска контрола извршена во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.
– Денеска (05.03.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје и тимови со службено куче од мобилната царина, под раководство на јавен обвинител спроведоа акциска контрола во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, стои во соопштението на МВР.
Оттаму информираат дека при контролата, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во две ќелии и притоа биле пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.
По извршено вештачење и целосно документирање на случајот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…