Битиќи: Предложениот буџет е потрошувачки, 90 отсто е наменет за тековни расходи
Констатацијата е дека ова е потрошувачки буџет, затоа што 90 отсто од буџетот е наменет за тековните расходи, 10 отсто за некакви капитални инвестиции, смета Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер за економски прашања во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
„Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расхови, затоа што таму не можеш да не ги трошиш, оти на секој први ќе дојде некој, ќе тропа и ќе рече „треба да се плати ова, сакал ти или не сакал“. Прашањето е за пет години од денеска каде ќе бидеме“, рече Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
Кочоска: Целта на ребалансот е да обезбедиме…
Предложениот ребаланс на буџетот обезбедува дополнително забрзување…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…