Објавено на:

Во Хрватска е уапсен е градежен работник од Македонија, предизвикал голем пожар

t

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен државјанин на Македонија со регулиран престој во Хрватска, под сомнение дека предизвикал пожар во местото Седрамиќ, во близина на Дрниш, при палење хартиени вреќи од цемент по завршување на градежни работи, објавија хрватските медиуми.

Според Полициската управа Шибенско-книнска, со криминалистичката истрага е утврдено дека мажот во четврток попладне, по изведување градежни работи во дворот на куќа, запалил повеќе хартиени вреќи од цемент.

При тоа избувнал пожар кој неконтролирано се проширил кон селото Чавале, при што биле зафатени сува трева и ниска вегетација на површина од околу 100 на 100 метри.

Понатамошното ширење на огнот било спречено со интервенција на пожарникарите, кои целосно го изгаснале пожарот во 19:36 часот.

Во гаснењето учествувале девет пожарникари со три противпожарни возила од јавната противпожарна единица во Дрниш и доброволните противпожарни друштва од Дрниш и Унешиќ, а од воздух им помагал и противпожарен авион „Ер трактор“.

Полицијата го сомничи 54-годишникот за кривично дело предизвикување опасност за животот и имотот со општоопасно дејствие или средство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Во Словенија задолжителен божиќен бонус од најмалку…

Вработените во Словенија годинава ќе добијат задолжителен…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…

Министерството за спорт и млади на Црна…