Битиќи се сретна со албанскиот амбасадор во Македонија: Ќе се унапредува економската соработка меѓу двете земји

t

Од Владата соопштуваат дека Вицепремиерот Битиќи се сретнал со Амбасадорот на Албанија, Фатос Река.

Ова е соопштението на Владата:

“Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес го прими амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Фатос Река, со кого разговараа за политичката и економската соработка помеѓу двете земји, но и за заедничкиот придонес на двете соседни земји за регионалната соработка и економски развој.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Северна Македонија и Албанија се пример за добра соработка помеѓу земјите од регионот и посочи дека се лидери во процесите коишто значат унапредување на условите за водење на бизнис за компаниите, кои се спроведуваат преку паралелните процеси „Отворен Балкан“ и „Берлински процес“, а чијашто основа е подигнување на конкурентноста на секоја од земјите и на целиот регион на Западен Балкан и овозможување на полесни услови за целосна интеграција на регионот во Европската Унија.

Зборувајќи за билатералната економска соработка, вицепремиерот и амбасадорот ги поздравија стапките на раст и обемот на трговската размена, извозот и увозот, кои во 2021 година беа на рекордно ниво, а сепак се согласија дека постои многу поголем потенцијал за унапредување на соработката во повеќе економски гранки, како и можности за реализација на инвестиции на компании од Албанија во нашата земја и обратно, со кои дополнително би се раздвижила трговската размена.

Битиќи потенцираше дека Северна Македонија забрзано работи на имплементација на повеќе инфраструктурни капитални проекти со кои ќе се овозоможи подобра патна, железничка и енергетска поврзаност со Република Албанија, што е уште една добра основа за унапредување на економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Река на маргините на состанокот изразија подготвеност и отвореност да ги продолжат и интензивираат меѓусебните контакти за унапредување на економската соработка и создавање на уште поцврсти односи помеѓу двете пријателски земји.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја стресе и Албанија

Епицентарот бил во близина на Валона, на…

Албанската полиција само во округот Скадар годинава…

Во рамки на националната акција „Чиста територија“…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Стерјовски: Македонците и седум други малцинства не…

Македонците во Албанија, заедно со претставници на…

Советот на ЕУ одобри 13 милиони евра…

Советот на ЕУ објави дека одобрил доделување…