Објавено на:

Битолската болница тврди дека родилката чие бебе почина имала неконтролирана бременост, ама гинекологот што ја водел демантира

t

Клиничката болница „Трифун Пановски“ во Битола во официјален став испратен до редакцијата на „Слободен печат“ тврди дека родилката Зимбрета Тунтевска чие бебе Лука ненадејно почина во саботата – имала неконтролирана бременост.

Меѓутоа, гинекологот доктор Тони Анастасиевски за „Слободен печат“ тврди дека тоа не е вистина и дека Зимбрета барем 6 пати, во периодот од 15-тата до 35-тата гестациска недела имала редовни контроли кај него, во неговата приватна ординација.

-Бременоста ѝ е контролирана, изјави доктор Анастасиевски за „Слободен печат“.

Како што веќе објавивме, бебето Лука било родено во битолската болница во петокот, но од мистериозни причини, следниот ден починало за време на транспортот за скопската Детска Клиника.

Таткото Драгољуб Китоски за „Слободен печат“ тврди дека е лут што болницата 18 часа не ги информирала ниту него ниту неговата сопруга дека со бебето нешто не е во ред и што, за што вели дека „му ја одзеле шансата да се обиде да го спаси бебето, да го пренесе во приватна болница или во Скопје“.

Од Клиничка болница Битола за „Слободен печат“ велат дека мајката е примена во петокот, на 14 јуни и дека се жалела на болки изминатите два дена. Испратена била од матичен доктор кој дотогаш ја водел нејзината бременост а испраќањето било со цел да се породи.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…