(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај белградскиот аеродром, двајца се тешко повредени
Цистерна и комбе утрово се судрија на автопатот кај белградскиот аеродром „Никола Тесла“, при што двајца мажи беа тешко повредени, пренесува „Н1“.
Возачот на цистерната останал заглавен во кабината по судирот, а на местото на несреќата биле испратени две екипи на Итната помош и пожарникари. Несреќата се случила на околу два километра од аеродромот, во правец кон Белград. Двајцата повредени мажи биле пренесени на лекување.
Сообраќајот на автопатот бил нормализиран во 7:50 часот.
Во текот на ноќта во Белград се случила уште една сообраќајна несреќа. Маж на 50-годишна возраст бил полесно повреден во судир на улицата „Ратко Митровиќ“ во населбата Чукарица. Тој бил пренесен во Ургентниот центар.
A post shared by JADAR PRESS-LOZNICA GRAD (@jadarpressloznica)
Белградската Итна помош во текот на ноќта имала вкупно 122 интервенции, од кои 15 биле на јавни места.
Најчесто интервенирала поради тепачки и пијани луѓе, а медицинска помош најмногу барале хронично болните, срцевите пациенти и астматичарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…
Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…
Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…
Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…
Белград се полни со специјалци: Жандармеријата во…
Припадници на српската Жандармерија со автобуси влегоа…