Бит-пазар едвај прооден, полицијата и Град Скопје ги отстрануваат дивите препродавачи
Полиција утрово го преполни Бит-пазар поради акција за отстранување на диви препродавачи. Голем број полициски автомoбили се паркирани на коловозот па булеварот Крсте Петков – Мисирков е едвај прооден, а сообраќајниот метеж е прелеан и на околните улици.
„ СВР Скопје во координација со Град Скопје презема мерки за отстранување на нелегални препродавачи“, кусо велат од Министерството за внатрешни работи.
Продавачите кои на импровизирани тезги секој вторник и четврток продаваат градинарски производи поставени дури и на автобуските постојки, утрово ги нема, а ги нема и оние кои покрај нив, продаваа облека и секакви други производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бит-пазар едвај прооден, полицијата и Град Скопје…
Полиција утрово го преполни Бит-пазар поради акција…
Мицкоски: Овие од СДСМ што се против…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето…
„Гардијан“: Киев практично стана град на фронтот…
Главниот град на Украина сè повеќе наликува…
Мицкоски: Кога од СДС ќе обвинуваат за…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вчерашното…
World Population Review: Македонија на прво место…
Според листата пренесена во мај годинава, 39,5…