Мицкоски: Кога од СДС ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-тина луѓе, но без резултати

t

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вчерашното интервју во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“ ги отфрли обвинувањата од СДСМ за бројноста на владината делегација во Њујорк, посочувајќи дека токму во времето на владите на СДСМ и ДУИ делегациите биле многу побројни.

„Тоа е Фројд, бидејќи тие оделе така и сега мислат дека сите одат така. Во Владата на СДС и ДУИ, за првпат на еден настан на Генералното собрание се појавија тогаш и претседателот и премиерот — ако се сеќавате кога отидоа и Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски. Тогаш можеби броеле делегациите 50 луѓе. Инаку, не, таман работа! Какви 50 луѓе, не станува збор за такво нешто. Многу помалку од таа бројка, можеби помалку од половина од таа бројка. Но, како и да е, тоа е сериозен настан — еден таков во годината што се одржува — и се разбира дека е потребна логистика и има повеќе настани на коишто повеќе луѓе треба да бидат присутни, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека на една група настани бил министерот Сали, на една друга група настани бил министерот Муцунски, паралелно со ова се одвивале и економски настани настрана од Генералното собрание на Обединетите нации, па била дојдена и министерката за финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…