Божиновска: За две години изградивме институција која стана двигател на енергетските реформи
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во објава на LinkedIn по повод втората годишнина од формирањето на Министерството, се осврна на постигнатите резултати и развојот на институцијата во изминатите две години.
Божиновска истакна дека Министерството беше создадено од темел, без претходно воспоставени структури и модели на работа, но денес претставува една од клучните институции во креирањето на националните политики во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини.
„Пред две години започнавме со визија да изградиме модерна, ефикасна и стратешки ориентирана институција која ќе ги предводи енергетските политики на државата. Денес, со гордост можам да кажам дека таа визија стана реалност“, напиша Божиновска.
Таа нагласи дека во изминатиот период биле донесени значајни законски решенија, зајакната била соработката со меѓународните партнери, а Министерството активно работело на проекти насочени кон подобрување на енергетската безбедност, забрзување на енергетската транзиција и привлекување нови инвестиции во секторот.
Според министерката, посебна вредност има фактот што работата на Министерството е препознаена и од меѓународната енергетска заедница, што претставува потврда за професионалноста и посветеноста на институцијата и нејзините вработени.
Во својата објава, Божиновска упати благодарност до сите вработени во Министерството, нагласувајќи дека токму нивната стручност, знаење и посветеност се најзаслужни за постигнатите резултати.
„Ова не е само приказна за создавање на нова институција. Ова е приказна за поставување цврсти темели за енергетски посилна, поодржлива и поразвиена Македонија. Благодарение на заедничката работа, денес имаме Министерство кое е препознаено како важен партнер во земјата и надвор од неа“, истакна Божиновска.
Таа порача дека Министерството и во наредниот период ќе остане фокусирано на реализација на стратешките проекти, јакнење на енергетската независност и создавање нови можности за економски развој и просперитет на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Истече рокот што самиот Мицкоски си…
СДСМ обвини дека денеска истекува рокот што,…
СДСМ: Вајц го потврди она што го…
Изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот…
Гир: Земјите кои сакаат да станат членки…
Евроамбасадорот Дејвид Гир попладнево во Собранието порача…
САД: Украина да превземе акција против корупцијата…
Вашингтон поднел листа на „приоритетни реформи“ кои…
Арсовска: Потребни се реформи, не можат општините…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која…