СДСМ: Вајц го потврди она што го предупредуваме, со Мицкоски нема реформи, нема напредок
Изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, е јасна и алармантна потврда на она што СДСМ го предупредува со месеци, велат од опозициската партија.
„Со Мицкоски нема напредок, нема реформи, со директна оценка дека „во последната година не видовме никаков напредок“. Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформи, особено во владеење на правото. И клучен и најголем проблем: корупција и нефункционално судство“, стои во соопштението на СДСМ.
Од партијата велат дека ризигот е губењето на европски пари кои би отишле во други земји наместо во Македонија.
„Ризикот е губење европски пари, средствата од ЕУ ќе одат во други земји наместо во Македонија. СДСМ со месеци предупредува дека власта на Мицкоски свесно ја турка државата во изолација за да може без контрола да спроведува криминални тендери. Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не изолација, стагнација и криминал“, реагираат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…