Објавено на:

Борел: Европа се соочува со две војни и многу тензии кои можат да излезат од контрола

t

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Европа се соочува со две „брутални војни“ во близина на нејзините граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола.

Говорејќи на крајот од Шумановиот безбедносен и одбранбен форум во Брисел, Борел предупреди дека некои од овие кризи би можеле да ескалираат во голема глобална конфронтација „во време кога светот стана мултиполарен, а мултилатералниот систем кој треба да го одржува мирот е длабоко ослабен“.

– Ние Европејците се соочуваме со две брутални војни во близина на нашите граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола – во Либија, во Сахел, на Западен Балкан, на Кавказ, во Судан, на Рогот на Африка, на границите на (Демократска) Република Конго, во Заливот, во Јужното Кинеско Море, во Јужна Азија, (и) бандите и наркокартелите во Латинска Америка и Централна Америка, рече Борел.

Тој додаде дека дури и институциите кои се срж на системот на Обединетите нации, како што е Меѓународниот суд на правдата (МСП), може да бидат ослабени.

– Доколку не се почитуваат пресудите на Меѓународниот суд на правдата, светот ќе биде во многу полоша ситуација. И следниот пат нема повторно да се повикуваме на Меѓународниот суд на правдата ако овој пат неговата пресуда не биде спроведена – а не беше. Не е, нагласи Борел.

Тој додаде дека знае дека „географијата е важна“ и оти „војните што ни се блиску се поважни од војните што се далеку“.

– Но, сите тие се меѓусебно поврзани. Секоја војна, секоја криза каде било влијае на кое било друго место во светот, рече Борел и додаде дека се загрозени јавните добра, од цените на енергијата до слободата на пловидба.

Тој оцени дека Шумановиот безбедносен и одбранбен форум е неопходен и важен состанок.

– Тоа е втор чекор во насока на ангажирање на Европејците со остатокот од светот, а остатокот од светот со нас, рече Борел.

Во Брисел денеска се одржа вториот Шуманов безбедносен и одбранбен форум на кој се собраа политичари, високи носители на одлуки, воени претставници на земјите-членки на ЕУ и повеќе од 60 земји партнери, како и претставници на меѓународни и регионални организации, водечки тинк-тенкови и академски заедници.

Целта на форумот беше да се расветли како сегашните и потенцијалните мировни, безбедносни и одбранбени партнерства можат да одговорат на најитните безбедносни закани и предизвици и да придонесат за глобалниот мир и безбедност, како и да го поддржат меѓународниот поредок и мултилатерализмот заснован на правила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…

Стано: ЕУ нема донесено одлука за укинување…

Европската унија се уште нема донесено одлука…