Стано: ЕУ нема донесено одлука за укинување на мерките против Косово
Европската унија се уште нема донесено одлука за укинување на мерките против Косово, а дискусиите на таа тема продолжуваат во Советот, каде се разговара дали да се укинат санкциите или не, изјави за Телеграфи портпаролот на ЕУ Петер Стано.
Стано се осврна и на извештајот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
„Извештајот на високиот претставник за исполнувањето на барањата на Косово од страна на ЕУ, изразен во Декларацијата од 3 јуни 2023 година (Декларација на високиот претставник во име на ЕУ) беше испратен до земјите членки и првата дискусија беше одржана во јуни “, рече Стано.
Тој додаде дека содржината на самиот извештај е доверлива.
„Во своите заклучоци од декември 2023 година, Советот го покани високиот претставник да подготви таков извештај. Извештајот е доверлив документ и нема да биде јавно објавен. Високиот претставник препорачува укинување на мерките за Косово, како што нагласи на прес-конференција на 24 јуни 2024 година. Дискусиите продолжуваат во Советот“, изјави Стано.
На истата тема денеска се огласи и германската амбасада во Приштина, во која се вели дека го поддржува откажувањето на мерките на ЕУ против Косово, но конечната одлука ќе ја донесат сите членки на Европската унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…