Бојан Маричиќ, шарен револуционер во кого се крие егзекутор како во времето на Француската револуција

Гордана Силјановска, професор по Уставно право, смета дека упадот на Маричиќ во судската власт преку коментирање на одлуките на Апелациониот суд и јавното прозивање на судиите кои гласале спортивно на неговата желба, во најмала рака е скандалозно.
– Не само што е скандалозно, туку и опасно. Во нормална држава, под притисок на јавноста, ќе си заминеше веднаш, вели Силјановска за Инфомакс.
Според професорката, инаку актуелен пратеник во Собранието на Р.Македонија, од ваквото јавно однесување на министерот можеме само да претпоставивме како се однесува зад затворени врати како член на Судскиот совет.
– Замислете, што прави како член на Судскиот совет, иако не гласа. Какмо можеше заедно со Кузеска, која се огласи во име на партијата (уште еден скандал) да знаат и да ги наведуваат имињата на двајцата судии од тројцата кои гласале „за“, изјави професорката Гордана Силјановска за „Инфомакс“.
Судството во Македонија е „сирото“ вели професорката.
– Сирото „независно“ судство. Чинам дека во некои шарени револуционери се кријат егзекутори, како во времето на теророт по Француската револуција, заклучува Силјановска.
Во средата (22.12.2021) Апелацискиот суд ја прифати гаранцијата на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и со тоа ја укина мерката притвор. Веднаш по одлуката, на социјалните мрежи реагираше министерот за правда Бојан Маричиќ, кој ги дисциплинираше судиите прозивајќи ги со име и презиме.
До вечерта, истиот ден, на Мијалков му беше определен нов притвор со образложение дека постои опасност од бегство на екс-директорот на УБК во организација на Израелската служба, МОСАД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјaнка го прободела бившиот партнер со ножици,…
Жена осомничена за обид за убиство на…
Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…
Европската Унија работи на паралелни реформи во…
Кривична пријава за насилник од Битола, одреден…
Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното…
Притвор за мажот кој ја уби жената…
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за…
Претреси на осум локации во Сарај и…
Во заедничка координирана акција на полициски службеници…