Објавено на:

Побаран притвор за 19 годишникот од село Бојане кој уби 18 годишен соселанец

t

Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото на 18 годишното момче, за кое беше соопштено дека е приведен 19 годишник од селото Бојане.

„Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото. Постои основано сомнение дека кривичното дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото село, кој е лишен од слобода“, велат од Обвинителството.

Но, имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…

Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Триесет дена притвор за четворицата осомничени за…

Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската…