Братот на канадскиот премиер смета дека Трудо е пион на глобалните господари на светскиот поредок: Уцената е моќна алатка
Братот на канадскиот премиер смета дека тој е само пион и истурен играч на глобалните господари на светскиот поредок и дека Џастин Трудо дури и не ги ни пишува своите говори и твитови. „Џастин не зборува искрено,“ вели Кајл Кемпер и загадочно додава „уцената е моќна алатка“.
„Тој е лицето и главниот портпарол на канадската влада, но политиките, иницијативите и наративите кои упорно ги турка, а кои според мене се анти-слободарски и анти-канадскис, доаѓаат од повисок круговии, од групи како Светскиот економски форум, Билдерберг….“, вели Кајл Кемпер.
„На таквите инстанци им се потребни нивни луѓе во највисоките политички и државни кругови и затоа она што го гледаме ширум светот се слаби лидери кои се подготвени да дејствуваат како нечии портпароли. “
Кајл не е само полубрат на Џастин и син на Маргарет Трудо туку е и човек со сериозно бизнис портфолио. Основач и ЦЕО е на Swiss Key, а претходно беше извршен директор и стратешки советник на канадската комора за дигитална комерција.
Вели дека кога ги гледате заташканите приказни како онаа со Џефри Епстин, ви станува јасно колку е лесно луѓе да бидат фатени во стапица и уценувани поради нешто што имаат сторено во животот а не сакаат тоа да излезе во јавноста. Накратко, сугерира дека е можно злотвори како Клаус Шваб да имаат некаков компромитирачки материјал за Трудо со кој го држат в раце.
„Уцената е многу моќна алатка,“ додава Кемпер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…
ЦУК побарал од Градот и од Општината…
Иако поминаа само неколку денови од последната…
Димовски во Германија на средба со менаџментот…
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни…
Израел започна жестоки воздушни напади врз цели…
Израелските вооружени сили започнаа интензивни воздушни напади…