Објавено на:

Вишеградски бунт: Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар сe против Предлог-буџетот на ЕУ, бараат измени

t

Премиерите на земјите од Вишеградската група (В4) – Полска, Чешка, Унгарија и Словачка – заедно со Австрија, го оценија најновиот предлог за буџетот на Европската унија за периодот 2028–2034 година, претставен од претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, како неприфатлив. Ова се наведува во соопштението издадено по состанокот одржан во Братислава.

Како што пренесува Ројтерс, словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека лидерите на петте земји се согласиле оти предлогот е неприфатлив и дека преговарачите имаат уште долг пат пред да се постигне конечен договор.

„Можам да кажам во име на сите петмина од нас дека предлогот што го претстави г. Коста во саботата е неприфатлив за нас“, рече Фицо.

Тој истакна дека четирите членки на Вишеградската група ќе настапуваат заеднички за време на преговорите, инсистирајќи на зачувување на кохезионите фондови – наменети за помалку развиените региони – како и на поддршката за земјоделството.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека нема да прифати ниту една верзија на буџетот што би довела до зголемување на цените на енергенсите, значителни социјални трошоци или слабеење на одбранбените капацитети на Полска и на другите земји на источното крило на НАТО. Чешкиот премиер Андреј Бабиш го оцени предлогот како „апсолутно неприфатлив“, изразувајќи противење поради тоа што, според него, недоволен дел од буџетот е наменет за земјите-членки во споредба со средствата предвидени за централизирани програми.

Бабиш, исто така, побара финансирањето за Украина да се издвои од повеќегодишниот буџет на ЕУ.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар во Братислава повтори дека Будимпешта не прифаќа поврзување на финансирањето за Украина со седумгодишниот буџет на ЕУ, ниту пак се согласува таквото финансирање да стане задолжителна обврска.

Буџетот на ЕУ служи како главен инструмент за финансирање на политиките на Унијата – од поддршка за земјоделците до развој на нови технологии, индустрија и истражување – во услови на конкуренција со Кина и Соединетите Држави. Коста предложи намалување на нацрт-буџетот на Европската комисија за 40 милијарди евра, со што вкупниот износ за седумгодишниот период би изнесувал 1,582 трилиони евра, во споредба со предлогот што го претстави ирското претседателство со ЕУ во октомври.

Предлогот наиде на критики како од земјите што се нето-уплатувачи во буџетот на ЕУ, така и од земјите што се корисници на европски средства. Германија, најголемиот нето-уплатувач во буџетот на ЕУ, смета дека предложениот износ е сè уште превисок, додека забелешки изнесоа и Франција, како и главниот преговарач на Европскиот парламент за буџетски прашања.

Лидерите на ЕУ ќе разговараат за предлогот на Коста на вонреден самит на 26 и 27 ноември, со цел да се намали јазот помеѓу земјите што уплаќаат повеќе во заедничкиот буџет отколку што добиваат од него, и оние што се нето-корисници, за да може во декември да се постигне договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вишеградски бунт: Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар…

Премиерите на земјите од Вишеградската група (В4)…

Сериозен сајбер напад се случува на секои…

Сајбер криминалот станува сè поголема закана за…

Нападната електроенергетската мрежа во Австрија, 20.000 корисници…

Намерен напад врз електроенергетската инфраструктура во австрискиот…

Ракетен напад врз финансискиот центар во Ријад…

Најмалку 11 лица се повредени во ракетен…

Израел тврди дека Иран активирал тајни ќелии…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изнесе…