Британија ѝ враќа на Албанија 200 затвореници и 1,5 милиони фунти за реновирање на затворите

t

Аранжманот меѓу британската и албанската влада, објавен во мај, за трансфер на албански затвореници во Албанија на издржување затворска казна, ќе ја чини Велика Британија осум милиони фунти, додека милион и пол ќе бидат потрошени за минибуси и електрични возила, пишува британски „Индипендент“.
Британските власти инсистираа дека договорот претставува заштеда, укажувајќи на фактот дека земјата ја чини 40.000 фунти годишно за сместување на секој затвореник.


Новите детали од договорите на британската влада, објавени овој месец, покажуваат дека дел од мултимилионскиот договор е наменет за опремување на албанската затворска служба со нова флота возила.
Околу 500.000 фунти ќе бидат потрошени за 15 електрични возила, додека 22 нови минибуси ќе и бидат обезбедени на албанската затворска служба по цена од над 1 милион фунти.
Владата на ОК го опиша обезбедувањето на електрични возила како „дел од движењето кон нето нула и е дел од пошироката иницијатива за позеленување“.
Објавувајќи го аранжманот во мај, секретарот за правда Алекс Челк рече дека „јавноста очекува странските криминалци да ја отслужуваат казната во нивните земји, а не во нашите затвори на сметка на даночните обврзници“, објави Косово онлајн.


Тој вети дека договорот „ќе го забрза отстранувањето на овие престапници и ќе им даде доверба на жртвите дека сериозните криминалци ќе продолжат да се соочуваат со правдата и ќе го поминат остатокот од казната зад решетки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Во Косово е уапсен еден од најголемите…

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите…

ОН алармираат поради детската сиромаштија во Велика…

Организацијата ја рангираше Британија на 37 место…

Русија „хакирала“ британски политичари и новинари

Москва ги отфрли сличните обвинувања како „неосновани“…

Британските специјални сили тајно оперирале во Украина

Најнова книга тврди дека западните командоси биле…