Објавено на:

Брод на Фронтекс потона во близина на грчки остров

t

Брод на агенцијата за гранична и крајбрежна стража на Европската Унија, Фронтекс, потона во областа на грчкиот остров Кастелоризо во југоисточниот дел на Егејското Море, објавија грчките медиуми.

Според информациите, на бродот бил и естонскиот амбасадор во Грција, објавува електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“. Бродот пловел под естонското знаме. Инцидентот се случил во пристаништето Мегисти откако екипажот направил свртување и удрил во копно. Откако удрил во карпа, бродот се превртел, а патниците паднале во водата. Последователно истекување на гориво од моторот, исто така, предизвикало пожар.

Во инцидентот се повредени вкупно пет лица, од кои едно е во тешка состојба. Повредените се пренесени со медицински хеликоптер во Атина. Покрената е истрага за утврдување на причините за инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Арапското Море киднапиран уште еден товарен…

Инцидентот бил пријавен во четвртокот во близина…

Јеменските Хути запленија брод поврзан со Израел

Тел Авив тврди дека рацијата на товарниот…

Крстаречки брод со 206 патници заринка кај…

Крстаречки брод со 206 патници и членови…

ФРОНТЕКС со честитка по повод 8 Септември:…

По повод 8 Септември – Денот на…

Спасовски: Заедно со ФРОНТЕКС за пет месеци…

Денеска, по средбите со граѓаните во рамки…