Спасовски: Заедно со ФРОНТЕКС за пет месеци се спречени околу 3.000 илегални премини преку граница
Денеска, по средбите со граѓаните во рамки на Отворениот Кабинет во Кавадарци, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го посети и Регионалниот центар Југ, каде што оствари средба со раководството на оваа организациска единица на МВР, со цел брифирање за состојбите со мигранти на границата со Грција, на која веќе два месеца заеднички се распоредени македонските полициски службеници и 140 претставници на ФРОНТЕКС од 8 земји.
„Благодарение на заедничките напори, во првите 5 месеци од 2023 спречени се 3.518 илегални преминувања на државните граници, најголем дел на границата со Грција – 3.048, односно бележиме намалување на обидите за 42%. Воедно, откриени се 29 случаи на криумчарење на 234 мигранти со мерки за кривичен прогон за 21 лице”, истакна министерот Спасовски, со уверување дека вработените од Регионалниот центар Југ, како и нивните колеги од ОВР Кавадарци и СВР Велес, и во наредниот период ќе продолжат со реализацијата на активности кои носат резултати, како во делот на репресивните мерки, така и со превентивните активности во заедницата, со цел одржување и зголемување на безбедноста на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…