ФРОНТЕКС со честитка по повод 8 Септември: Ден за славење на достигнувањата и напредокот на вашата земја

t

По повод 8 Септември – Денот на независноста преку Министерството за внатрешни работи честитка упати и Оперативниот тим на европската Агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС).

Во честитката, во чест на овој посебен ден кој претставува постигнување значајна пресвртница во историјата на земјата, како што информираат од МВР, се вели: „Овој ден го означува раѓањето на вашата нација и почетокот на новото поглавје во вашата историја. Тоа е ден за сеќавање и чест на жртвите на вашите предци кои се бореле за слободата и ослободувањето на вашата земја. Ова е, исто така, ден за славење на достигнувањата и напредокот што вашата земја ги постигна низ годините“.

Операцијата на Фронтекс во земјава официјално стартуваше на 20 април, откако на 26 октомври 2022 година во Скопје за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон го потпишаа Договорот за ФРОНТЕКС, кој е прв ваков договор помеѓу ЕК и Република Македонија на македонски јазик.

Овој Договор отвори можности за воспоставување заеднички операции на европската Агенција за гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Македонија, а со неговата операционализација 111 полицајци од земји членки на Европската Унија даваат поддршка на македонската гранична полиција во преземањето мерки и активности за обезбедување на јужната граница која е на патот на т.н. западнобалканска мигрантска рута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФРОНТЕКС со честитка по повод 8 Септември:…

По повод 8 Септември – Денот на…

Спасовски: Заедно со ФРОНТЕКС за пет месеци…

Денеска, по средбите со граѓаните во рамки…

(Фото) ФРОНТЕКС пристигна во Македонија: Се распоредуваат…

Добредојде на полициските службеници од Европската Агенција…

Советот на ЕУ го одобри договорот на…

Советот на Европската унија денеска и даде…

Османи за Договорот со ФРОНТЕКС: Ги плашеа…

Видов коментари кои што ме шокираа, коментари…