Брука невидена: Скопје како Палестина – Се испотепаа Комити и Чкембари, има и повредени полицајци

t

Двете познати навивачки групи Комити и Чкембари започнаа физичка пресметка на трибините на СЦ Јане Сандански уште за време на ракометното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Полицијата интервенираше и дербито продолжи, но навивачките групи ја довршија тепачката и по крајот на натпреварот.

Во моментов има физичка пресметка помеѓу навивачите на двата ракометни клубови на помеѓу хотел Хилтон и хотел Русија, каде очевидци информираат дека настанала вистинска брканица, се мавало со камења, а има и повредени навивачи и полицајци.

Сообраќајот во тој дел на Скопје е закочен, инфомациите велат дека има и оштетени возила.

МВР распоредува засилени полициски екипи на местото на настанот.

Комити и Чкембари се познати по тензијата и ривалството кои постојат помеѓу навивачките групи. Ова не е прв инцидент од ваков тип, но е голем срам бидејќи двете групи важат за патриотски. Вакви пресметки помеѓу Македонци и македонски навивачки групи претставуваат срам за спортот и за Македонците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со ваква младина треба да плачеме…

На социјалните мрежи се појави видео од…

Масовна тепачка во Волково: Интервенираше МВР

На 15.09.2022 во 10:50 часот во Полициската…

Малолетници со тврд предмет претепале дете во…

Од МВР известуваат дека на 13.09.2022 во…

(Видео) Траги-комедија: Групна тепачка со стапови среде…

Фејсбук страната "Аеродромци" објави видео од групна…

Каде живееме? За врат извадил 15-годишник од…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…