Бугарија ја оданочува домашната ракија и забранува да се послужува по свадби

t

Новите даночни измени во Бугарија предизвикаа реакции во парламентот, откако пратениците на прво читање ги ограничија условите за поседување и продажба на домашна ракија.

Доколку законот биде усвоен, секое домаќинство ќе може да произведе до 30 литри ракија без да плати акциза, но произведениот алкохол ќе мора да остане на приватниот имот. Неговото поседување, нудење и продажба ќе бидат забранети во простории поврзани со вршење економска дејност, како ресторани, хотели, пансиони, автосервиси и магацини. На лични имоти и подруми ракијата не се забранува

Измените предизвикаа негодување кај дел од опозицијата. Претседателот на „Продолжуваме со промената“, Асен Василев, предупреди дека според ваквата формулација, дедо кој ќе донесе домашна ракија на свадба на внукот во ресторан би можел да го прекрши законот.

Реагираше и Цончо Ганев од „Преродба“, посочувајќи дека дури и шише ракија во автосервис би можело да биде причина за заплена и казнена пријава.„Доколку во сервис за автомобили има шише ракија од 50-100 грама, тоа ќе биде предмет на заплена и извештај“, коментираше тој.

Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ги критикуваше даночните измени, оценувајќи дека властите посегнуваат по традиционалните навики на граѓаните.

Засега нема најави од мнозинството дали спорните одредби ќе бидат изменети пред второто читање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ја оданочува домашната ракија и забранува…

Новите даночни измени во Бугарија предизвикаа реакции…

Милатовиќ му одговори на Пленковиќ: Не е…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави…

Ајде да видиме сега дали ќе крадете!…

Посебно кривично дело за злоупотреби при јавните…

Иран напаѓа?! Сирени за воздушно предупредување, дронови…

Воените бази Лејкенхит, Милденхол и Фелтвел во…

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми…

Услугите на „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и…