Ајде да видиме сега дали ќе крадете! До 15 години затвор за корупција
Посебно кривично дело за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и договорите за јавно-приватно партнерство се предвидува со новиот Кривичен законик. Опфатени се незаконско склучување договори за концесии, незаконски измени на договорите, но и местење на условите и техничките спецификации за да се привилегира одреден учесник на тендерот.. Највисоката казна за овие кривични дела ќе изнесува 15 години затвор ако со делото била предизвика значителна имотна корист или штета.
Ова е ново посебно кривично дело, откако со измените на Кривичниот законик во 2023 година беше избришана посебната одредба за злоупотреби при јавните набавки. Со новиот предлог се опфаќаат повеќе облици на злоупотреби, вклучително и фаворизирање компании преку однапред приспособени тендерски услови.
Повисоки казни се предвидуваат и за злоупотребата на службената положба и овластување.
За основниот облик, наместо досегашните максимални три години затвор, со измените се предлага казна до пет години. Кај поголема имотна корист или штета, има дуплирање на казната – од досегашните четири, таа, се зголемува на осум години затвор.. Најголемата разлика ќе има ако со злоупотребата на функцијата е остварена значителната имотна корист или штета, која ќе се казнува со затвор до 15 години, наместо досегашните пет. Со измените од 2023 година, покрај намалувањето на казните, беше избришано и искористувањето на службената положба како облик на извршување. Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека претходната власт ги донела измените со намера да се заштити од кривична одговорност, но и да обезбеди политичка поддршка за уставните измени.
„Тоа се закони кои во времето на СДСМ и ДУИ добија поинаква форма и суштина и се сеќавате тогаш тие злоупотребувајќи го европското знаменце по скратена постапка во парламентот ги изгласаа овие закони. Имаа двојна цел, првично да се себеамнестираат од сторените криминали за кои постоеја основани сомненија додека тие беа влада во тие седум години и второ мислеа дека на тој начин некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија за потоа тие да им помогнат во намерата да се случат уставните измени како резултат на францускиот предлог. Тоа беше тогашната намера на тие измени на КЗ“, изјави Христијан Мицкоски, Претседател на Влада.
Новиот закон нема да може да се применува за кривични дела сторени во минатото. Мицкоски објаснува дека за нив ќе важи правилото за примена на поблагиот закон од 2023 година.
„За да бидам јасен, сакам да кажам дека со ова ние што го правиме, тоа не значи дека оние основани сомневања што постојат за сторен криминал од претходната влада ќе бидат гонети бидејќи тие секогаш имаат можност да се повикаат за нив поблагиот закон, во случајот е оној закон кој си го скроија за да се амнестираат. Овие измени се за од сега па натаму“, вели Мицкоски.
Предложениот Кривичен законик, е веќе испратен на мислење во Брисел. По добивање на оценката од Венецијанската комисија, ќе следи и собраниската процедура за донесување на Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ајде да видиме сега дали ќе крадете!…
Посебно кривично дело за злоупотреби при јавните…
Иран напаѓа?! Сирени за воздушно предупредување, дронови…
Воените бази Лејкенхит, Милденхол и Фелтвел во…
Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми…
Услугите на „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и…
Ги тепале, ги давеле, им се потсмевале:…
Случајот со смртта на 32-годишниот поранешен атлетичар…
ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува растот, но…
Инвестициите во инфраструктура за вештачка интелигенција помагаат…