Објавено на:

Бугарија ја пријави Македонија за палење на дипломатски возила во Советот на Европа

t

Парламентарното собрание на Советот на Европа е предупредено за “постојана и загрижувачка серија напади врз бугарски институции, организации и граѓани во Република Северна Македонија“, објави БГНЕС. Писмото на европратеничката Деница Сачева до претседателот Пабло Еспан и членовите на групата на ЕНП/ХД во ПССЕ е испратено пред летната сесија на собранието, која се одржува од 22 до 26 јуни во Стразбур.

Во него, Сачева истакнува дека палењето на два дипломатски автомобили пред бугарската амбасада во Македонија не може да се смета за изолиран случај.

Сачева наведува дека инцидентот не може да се разгледува изолирано бидејќи е дел од поширока и загрижувачка серија напади врз бугарски институции, организации и граѓани во Република Северна Македонија во последните години.

Таа потсетила на „нападот врз Бугарскиот културен центар во Македонија во 2023 година, вандализмот врз бугарската амбасада во јануари 2026 година, палежот врз Културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола и сериозниот напад врз Христијан Пендиков, секретар на Културниот клуб „Цар Борис III“ во Охрид“.

Сачева истакна дека овие случаи укажуваат на постојан и загрижувачки тренд на непријателство кон бугарските институции, организации и граѓани во Северна Македонија. Таа ја поврза ситуацијата со негативната реторика против Бугарија и Бугарите во дел од политичката и јавната дебата, со недоволниот одговор на говорот на омраза и со недостатокот на ефикасно одвраќање против одговорните за ваквите дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ја пријави Македонија за палење на…

Парламентарното собрание на Советот на Европа е…

Техеран објави дека формира четири работни групи…

Техничките разговори во Швајцарија, дел од преговорите…

Трамп повторно го отвори прашањето за американското…

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики…

АМСМ: На граничните премини од македонска страна…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

Протест во Тирана, со барање за оставка…

Организаторите на протестот што се одржува во…