Трамп повторно го отвори прашањето за американското воено присуство во Европа
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон неколку европски членки на НАТО, оценувајќи дека Соединетите Американски Држави со години носат најголем товар во Алијансата, додека дел од сојузниците не покажале подготвеност да возвратат со иста посветеност.
Во обраќање пред новинарите во Белата куќа, во пресрет на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп изјави дека САД потрошиле „трилиони долари“ за заштита на Европа и ја нарече Америка „доминантна членка“ на Алијансата.
„Потрошивме трилиони долари за да ја заштитиме Европа. Кога ние побаравме помош, нив ги немаше. Тоа е глупаво“, рече Трамп.
Тој посебно го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер, тврдејќи дека не покажал доволна подготвеност за поддршка.
„Стармер рече дека ќе дојдат откако ќе победиме. Му одговорив дека не ни требаат откако ќе победиме. Не се занимававме со Винстон Черчил; тоа можам да ви го гарантирам“, изјави Трамп.
Американскиот претседател ги посочи и Италија и Германија како земји кои, според него, не ги исполниле очекувањата на Вашингтон во рамки на Алијансата.
„Италија беше многу лоша, Германија исто така. Трошиме огромни суми за нивна заштита, а кога нам ни е потребна помош, тие велат дека не би сакале да помогнат“, рече Трамп.
Неговите изјави доаѓаат во време кога американскиот министер за одбрана Пит Хегсет спроведува ревизија на американското воено присуство во земјите-членки на НАТО, што повторно ги отвори прашањата за можни промени во распоредувањето на американските сили во Европа.
Reporter: You've been reviewing US presence in NATO. What's the conversation with Rutte?
Trump: We spent trillions protecting Europe from Russia. When we wanted help on small stuff, they said no.
Starmer said no, this was not Winston Churchill. Italy very bad. Germany very bad.… pic.twitter.com/CYL6AVVvyS
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) June 22, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војната ескалира: САД започнаа нови напади врз…
Војската на Соединетите Американски Држави соопшти дека…
Германија ја обвини Русија за нападот со…
Германија официјално ја обвини Русија за организирање…
Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…
Триесет и петгодишен маж од скопско е…
„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…
Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…
Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…
Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…