БУГАРСКИОТ КНЕЗ ФЕРДИНАНД, 1896: Во Македонија зборуваат јазик подеднакво далечен од бугарскиот и српскиот… кој е посебен јазик

t

Во 1896 година, по меѓународното признавање на Фердинанд за кнез на Бугарија (Фердинанд Саксобурготски, кнез на Бугарија 1887-1908 и цар на Бугарија 1908-1918), тој заминал на широка турнеја низ Европа, пренесува Денешен.

Турнејата ја започнал од Цариград, каде се сретнал со официјални османски лица и претставници на дипломатскиот кор.

На 6 април 1896 г. се сретнал и со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓоргевиќ. Притоа, Фердинанд ја истакнал потребата од бугарска-српска соработка и поблиски односи, за што главна пречка биле спротивставеностите околу Македонија Во разговорот, Фердинанд потенцирал дека додека двете земји се „расправаат за раженот, зајакот е се уште во шума“.

При тоа, Фердинанд истакнал:

„Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде кај нашиот заеднички „татко“, кај Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток… Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција“.

Содржината продолжува после огласот

Првите капки на пазарот кои го регулираат притисокот за само седум дена! Направете го тоа сами дома!
Sponsored by MonadPlug
(Државен архив на Репубилка Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделени (ПО), мф. 446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. ИИИ 1896.)

Инаку, Фердинанд Први Саксоборгутски (1861-1948) е германски принц, син на австрискииот генерал кнез Август и кнегињата Клементина (ќерка на францускиот крал Луј Филип). Во 1887 е избран за кнез на Бугарија, меѓутоа не бил признат од страна на Русија и другите големи сили. По промената на Трновската конституција во 1893 се создале услови кнезот да склучи брак со Марија Луиза Бурбон-Пармска.

Во 1896 по преминот на престонаследникот Борис во православна вера, Фердинанд бил признаен од Русија, а потоа и од останатите големи сили. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, ја зацврстил сопствената власт и наложил т.н. личен режим. Во 1908 година се прогласил за цар на Бугарија, која истовремено прогласила независност. Со својата политика е одговорен за Втората балканска (меѓусојузничка) војна, кога Бугарија ја доживела првата национална катастрофа. Под негово влијание Бугарија се присоединила кон Тројниот сојуз за време на Првата светска војна, кога ја доживеала втората национална катастрофа. Поради тоа во 1918 година абдицирал во корист на престолонаследникот Борис. По напуштањето на Бугарија се вратил на својот имот во Кобург – Германија каде и умрел.

Извор: Пишува Дарко Јаневски за Денешен

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…