Бугарски експерт: Никој нема намера да ја нападне Украина, Америка создаде вештачка криза
Вашингтон предизвика вештачка криза во односите меѓу САД и Русија, изјави бугарскиот социолог, копретседател на социолошката агенција Галуп интернешнал асоцијација, Андреј Рајчев.
Според него, Бугарија е вклучена во оваа криза и нема друг избор освен да ја покаже својата лојалност кон НАТО.
„Од друга страна, јас не верувам во таа војна. Русија нема причина да ја нападне Украина. Ми се чини дека ова е внатрешна американска приказна која би помогнала да се решат некои внатрешни прашања, додека САД истовремено упатуваат обвинувања против својот добро познат непријател“, изјави експертот за Бугарското национално радио.
Според Рајчев, вистински противник на САД не е Русија, а целата врева околу Москва има технички карактер.
„Вистински, опасен и сериозен противник, нема да кажам непријател е Кина“, вели социологот, додавајќи дека Западот прави сериозна грешка што ги доближува Русија и Кина една до друга.
Тој изјави дека Русија е европска и христијанска земја која има дадено огромен придонес во развојот на светската цивилизација и ако Западот и подари таква земја на Кина, тоа ќе биде невидена грешка.
Експертот додаде дека претседателот на Украина, Владимир Зеленски, не сака војна.
„Така ја добивме парадоксалната ситуација, Западот им порачува на Украинците: Луѓе, Русија се подготвува да ве нападне. А тие им одговараат: „Не напаѓаат нас“, заклучи Рајчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на средба со македонската заедница во…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од…
ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…
Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
Американските амбасади на Блискиот Исток издадоа безбедносни…
Американските амбасади низ Блискиот Исток рано утрово…
Иран тврди дека сè уште ја контролира…
Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…