Ванковска: Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е, се разбира, облик на притисок врз нас да го смениме Уставот
Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е, се разбира, облик на притисок врз нас да го смениме Уставот, а истовремено и повик до американските и европските “олеснувачи” да го зададат последниот удар.
Но, ова е и потврда на сето она што го говоревме и пишувавме за не баш пријателскиот Договор, кој доведе до никогаш полоши односи меѓу двете земји. Толку предвидливо! Намерата сега им е да не’ вратат во времето на грчката блокада и ембарго од 90-те.
Кога ќе се свестиме дека овде нема ништо “европско”, а дека ЕУ е само фатаморгана!? Дури и личности кои ми се драги и кои ги ценам се повикуваат на тие божем европски вредности, а не сфаќаат дека зборуваат за бајки. За жал, овде отсуствува национална свест и изградени национални интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата во еврозоната достигна 4%, енергијата поскапе…
Инфлацијата во еврозоната во октомври достигнала 4%…
Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат…
Европската комисија денеска го усвои Пакетот за…
Извештај припишан на Си-би-ес: Трамп размислува за…
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за смена…
Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…
Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната…