Вардар ќе промовира нов спонзор – светски познат бренд!
Двократниот европски шампион Вардар во изминатите години се соочуваше со сериозни финансиски проблеми поради кои клубот доживеа многу промени, но сега се најавуваат подобри времиња за „црвено-црните“ и враќање на шампионскиот сјај на клубот.
Вардар закажа прес-конференција на 9 април во 11 часот во СЦ „Јане Сандански“ на која ќе биде промовиран новиот клупски спонзор, односно познат светски бренд кој реши долгорочно да го поддржи скопскиот гигант.
На прес-конференцијата ќе бидат присутни извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски и извршниот директор на новиот спонзор, при што се очекува да бидат соопштени повеќе детали за соработката.
„Црвено-црните“ во моментов се второпласирани во плејофот на Суперлигата со 18 бодови по седум одиграни кола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…