Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека САД со резултатите од последните меѓуизбори „направија голем чекор назад во историјата“, истакнувајќи дека и берзата, која за време на неговиот мандат беше „ракета“, претрпе еднодневен загуба од три трилиони долари.
„Но не плашете се, ќе се вратиме, поголеми и посилни од кога било“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.
Демократите на меѓуизборите за американскиот Конгрес на 3 ноември освоија мнозинство во двата дома – 241 место во Претставничкиот дом, каде што на републиканците им припаднаа 162, а во Сенатот добија 54 места, наспроти 44 за републиканците.
Во однос на изборот на гувернери на американските сојузни држави, демократските кандидати победија во 28 држави, а републиканците во 20. Во однос на претходните избори, демократите освоија четири гувернерски места повеќе, а републиканците четири помалку.
За контрола врз Сенатот потребни се 51 место, додека за контрола врз Претставничкиот дом се потребни 218 места. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…
Пред 85 години првпат е изведена песната…
На денешен ден, 8 ноември, пред точно…
Нови случаи на семејно насилство: закани со…
Маж се заканувал со дрвен предмет на…
Митровден бил домашната слава на светите Кирил…
Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…