„Вечерва се потрудивме да уkpaдеме уште некоја детска насмевка“: Ѓорѓиевски подели новогодишни пакетчиња на дечиња од Усје
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пратеничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, претседателот на Совет Иван Живковски и дел од советничката група на ВМРО, посети неколку семејства во Усје, на кои им подари новогодишно пакетче.
„Вечерва се потрудивме да украдеме уште некоја детска насмевка, да се сретнеме со неколку семејства од населба Усје и да си помуабетиме. Посетивме неколку семејства, неколку дечиња на кои им подаривме новогодишно пакетче. Радоста во нивните очи за мене е најголема награда. Си посакавме среќни, бериќетни и весели празници исполнети со многу радост и здравје пред сѐ. Посебно сме благодарни што луѓето со широко отворени врати нѐ примаат во својот топол дом, кога отворено и пријателски разговараме и заедно изнаоѓаме решенија. Тоа е мотивот за да работиме уште повеќе и да ја направиме Кисела Вода, но и Република Македонија предводена од претседателот Мицкоски поубаво место за живеење. Нека се весели овие денови!“, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…