Вжештена дебата во Собранието на седницата за избор на нова влада

t

Денеска напладне ќе ја продолжи 60-та седница со единствената точка на дневен ред – избор на новата влада. Мандатарот Димитар Ковачевски пред пратениците вчера ја презентираше програмата за работа на новата влада, која ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри.

Фокусот на новата влада, како што најави Ковачевски, е создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години. Тој во вчерашното експозе во Собранието најави удвојување на економскиот раст, и раст на БДП до 5 отсто.

Од досега пријавените говорници, зборуваа Благица Ласовска, Диме Велков, Димитар Апасиев и Дарко Каевски.

Досегашната дебата се води во вжештена атмосфера и со меѓусебни обвинувања.

Благица Ласовска обвини дека владата на СДСМ предводена од Зоран Заев ја предизвикала најголемата економска, социјална и здравствена криза во земјава, а јавниот долг на историски најголема стапка надминувајќи ги Мастрихтшките критериуми кои одредуваат горна граница на државниот долг за започнување на преговори со ЕУ.

Од СДСМ се бреанеа дека нивната влада донела најголем број на инвестиции во индустриските зони, како и дека ги зголемиле просечните плати.

Апасиев го нарече Зоран Заев „сатрап“, а единствена светла точка во предлогот за нова влада го посочи професорот Тупанчевски на кој му порача дека наскоро ќе му „пукне филмот“ и ќе мора да си даде оставка.

Кога ќе дојдат да ви ургираат за фалсификуваните дипломи на кадрите на ДУИ поради „мир у куќи“ и кога ќе морате спротивно на својата професија да прифатите ревизија на „Монструм“ тогаш ќе треба да си го зачувате интегритетот. Ќе ви пукне филмот и ќе си дадете оставка, порача Апасиев од Собраниската говорница.

Според Апасиев, оваа влада е континуитет на заевизмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов до пратениците: Сите имате одговорност…

Пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов,…

Формирана Анкетна комисија за скандалот на Онкологија

Со двотретинско мнозинство, формирана е Анкетна комисија…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…

Ковачевски на работна посета во САД

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со…

Барањето за основање анкетна комисија за онкологија…

Во Собранието утре е закажана седница на…